Betül Yürük
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека на Персискиот Залив се соочуваат со можност од загрижувачки вооружен судир, чии последици не ќе можат да ги издржат, јавува Anadolu Agency (AA).
Гутереш на отворањето на 74. Заседание на Генералното собрание на ОН имаше свое обраќање пред претседателите на државите и владите на 193 земји, на кое упати предупредувања во врска со зголемените тензии на Персискиот Залив, како и за трговската војна меѓу САД и Кина.
Тој говореше и за тензиите меѓу САД и Иран: „На Заливот се соочуваме со можност од загрижувачки вооружен судир, чии последици не ќе можеме да ги издржиме. Нападот врз нафтените објекти на Саудиска Арабија е неприфатлив. Кога ќе се земе предвид дека мала погрешна пресметка би предизвикала голема криза, треба да направиме сѐ што можеме за здрав разум и трезвеност.“
Гутереш изрази надеж дека земјите во регионот ќе живеат во заемна почит и соработка без да се мешаат во внатрешните работи на другите, и подвлече дека треба да се заштити Договорот за нуклеарната програма со Иран.
Тој упати предупредувања и во врска со трговската војна меѓу САД и Кина.
„Се плашам од голема фрактура. Светот се дели на два дела. Двете најголеми економии во светот создаваат два посебни света кои меѓусебно се натпреваруваат со своите парични единици, своите трговски и финансиски правила, своите интернети, вештачки интелигенции, и со своите геополитички и воени стратегии со нула придобивки“, истакна Гутереш, генерален секретар на ОН.