свет

Запоставените улици на Багдад се украсуваат со разнобојни цртежи на млади волонтери

Тим млади луѓе кои се нарекуваат „Трага на пеперутката“, секој ден посетуваат различни населби во Багдад и го менуваат ликот на запоставените улици

Haydar Karaalp  | 25.10.2021 - Обновена : 26.10.2021
Запоставените улици на Багдад се украсуваат со разнобојни цртежи на млади волонтери Фото: Murtadha Al-Sudani/AA

БАГДАД (АА) - ХАЈДАР КАРААЛП -

Група млади волонтери во ирачкиот главен град Багдад сакаат да им дадат надеж на жителите преку разнобојните цртежи кои ги прават на ѕидовите на куќите на улиците кои имаат потреба за обнова во историскиот град, пишува Агенција Анадолија (АА).

Овие тим млади луѓе кои се нарекуваат „Трага на пеперутката“, секој ден посетуваат различни населби во Багдад и го менуваат ликот на запоставените улици.

Младите сликари во своите цртежи користат теми од фолклорот и историјата на Багдад.

Овој тим, кој се состои од 7 сликари волонтери, улиците на Багдад ги украсува и со цртежи во кои се отсликува борбата против Ковид-19.

Али Халифе, основач на тимот „Трага на пеперутката“, во изјава за АА рече дека овој проект го започнале пред 4 години.

„На самиот почеток одлучивме да цртаме на ѕидот на оштетено училиште“, рече Халифе, додавајќи дека со барање на луѓето, како тим почнале да цртаат и на други места.

Тој нагласи дека цртежите кои ги цртаат на оштетените ѕидови кои ги носат трагите на насилството настанато на улиците на Багдад, имаат различно значење.

„Ние во нашите дела сакаме да оставиме траги. Затоа нашиот тим го нарекуваме „Трага на пеперутката“. Жителите на населбите собираат пари и ни купуваат материјали, а ние како волонтери на овие ѕидови оставаме траги на живот. Не сме поврзани со ниту една политичка страна и нашата професија пред сè е сликарство“, рече тој.

Според него, по појавата на Ковид-19 почнале да цртаат цртежи со цел поттикнување на борбата против пандемијата.

„Тоа што нè поттикнува да продолжиме со цртежи на улиците е големата заинтересираност и љубов на луѓето, особено на децата. Исто така, цртаме и цртежи поврзани со фолклорот на Багдад, и со тоа имаме за цел да ги запознаеме луѓето со нивното минато. Со овие цртежи исто така се обидуваме да ја смениме несреќната историја на Багдад. До светот сакаме да ја упатиме пораката дека Ирак ги сака животот и културата“, додаде тој.

Халифе рече дека тие моментално се фокусирани во населбите Азамија, Ќамизије и Грејат, и дека доколку би добиле поддршка, сакаат цртежите да ги цртаат и во градовите низ земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın