Betül Yılmaz
25 Февруари 2025•Ажурирај: 26 Февруари 2025
ТУЛКАРЕМ (АА) - Израелската воена офанзива врз бегалскиот камп Тулкарем, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, принуди 12.000 Палестинци да се раселат, изјави денес локален претставник, известува Анадолу.
„Окупациските власти продолжуваат под опсада да го држат кампот Тулкарем и под закана со оружје ги протеруваат неговите жители“, изјави заменик-гувернерот Фајсал Салама.
Тој додаде дека израелските сили продолжуваат да ги уништуваат куќите, улиците и сите објекти во кампот.
Според него, од минатиот месец израелските сили уништиле 40 згради со 100 станбени единици во кампот.
„Израелската Армија запали 10 куќи и сруши речиси 300 продавници во кампот“, додаде Салама.
Тој нагласи дека израелската офанзива во северниот дел на Западниот Брег има политички цели и се настојува да ја промени демографската структура на кампот.
Израелската војска спроведува операции во северниот дел на Западниот Брег од 21 јануари. Според палестинските власти, во овие операции Израел убил повеќе од 61 Палестинец, а илјадници принуди да се раселат.
Состојбата во окупираниот Западен Брег останува високо тензична. Според палестинското Министерство за здравство, од почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година, израелската Армија и илегалните доселеници убиле најмалку 923 Палестинци, додека речиси 7.000 се повредени.