Şerife Çetin
03 Јули 2019•Ажурирај: 03 Јули 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), во врска со нападот извршен врз мигрантскиот камп во подрачјето на Таџурa, кое се наоѓа во близина на либискиот град Триполи, изјави дека апсолутно не се прифатливи нападите врз цивилите, вклучувајќи ги и бегалците и мигрантите, и дека сторителите треба да одговараат за тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, и еврокомесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, објавија заедничко соопштение.
„Апсолутно се неприфатливи нападите врз цивилите, вклучувајќи ги и бегалците и мигрантите. Изразуваме жалење за овие напади. Сторителите треба да одговараат“, се вели во соопштението.
Се нагласува дека ЕУ постојано ги повторува своите апели за ставање крај на насилствата и за почитување на меѓународните човекови права.
„ЕУ заедно со Обединетите нации (ОН) бара итно да се започне истрага против сторителите на овој ужасен напад“, се додава.
Според соопштението, овие напади покажуваат колку е важно итното постигнувањето примирје во Либија, а се упатува апел до сите страни за давање поддршка кон постигнување мир.