Fatma Esma Arslan
25 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ДАКАР
На демонстрациите пред претстојните претседателски избори во Брегот на Слоновата Коска, закажани за 31 октомври, животот го загубија 16 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Владата, од почетокот на неделата досега, етнички судири има во градот Дабоа, оддалечен 50 километри од главниот град Абиџан. Досега во овие судири животот го загубија 16 лица, 67 се повредени, а 52 се приведени.
Причина за етничките судири е кандидатурата за трет мандат на актуелниот претседател Аласан Утара. Ву судирите се инволвирани етничката заедница Малинке, чиј член е Утара, и етничката заедница Аџукру.
Од август досега, во судирите поврзани со претседателските избори во оваа земја животот го загубија 30 лица.
- Утара тврди дека неговиот прв мандат „не е земен предвид“
На претстојните претседателски избори закажани за 31 октомври ќе учествуваат 4 кандидати, меѓу кои е и актуелниот претседател Утара.
Утара тврди дека уставниот мандат, со кој секој претседател може да има само два мандата, е усвоен за време на неговиот втор мандат, па затоа неговиот прв мандат „не е земен предвид“.
Опозицијата, пак, тврди дека прифаќањето на кандидатурата на Утара за трет претседателски мандат е неуставно.
Утара е претседател на Брегот на Слоновата Коска од 2010 година.