свет

Ерменија го прекрши прекинот на огнот со Азербејџан

„Ерменските вооружени сили утринава во 8:05 часот го прекршија новиот хуманитарен прекин на огнот и гранатираа единици на азербејџанската Армија лоцирани во селото Сафијан во правец на градот Лачин.“

Sena Güler  | 26.10.2020 - Обновена : 26.10.2020
Ерменија го прекрши прекинот на огнот со Азербејџан

АНКАРА

Ерменската Армија го прекрши новиот привремен хуманитарен прекин на огнот со Азербејџан, веднаш штом стапи на сила денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ерменските вооружени сили утринава во 8:05 часот го прекршија новиот хуманитарен прекин на огнот и гранатираа единици на азербејџанската Армија лоцирани во селото Сафијан во правец на градот Лачин“, се соопштува од азербејџанското Министерство за одбрана.

Од Министерството исто така се вели дека единиците на азербејџанската Армија целосно го почитуваат прекинот на огнот.

„Ерменските вооружени сили од 8:04 часот изутрина започнаа да го гранатираат регионот Тартар и неговите села, со што го прекршија хуманитарниот прекин на огнот“, изјави на Твитер Хикмет Хаџијев, помошникот на азербејџанскиот претседател.

Договорот за прекин на огнот посредуван од САД беше објавен вчера, а стапи на сила утринава.

Првиот прекин на огнот што беше постигнат на 10 октомври, беше прекршен од страна на ерменската Армија во рок од 24 часа, со извршување на ракетни напади врз азербејџанскиот град Ганџа, при што неколку цивили ги загубија своите животи.

Вториот прекин на огнот на 17 октомври исто така беше повторно прекршен од страна на Ерменија.

- Конфликтот во Нагорно Карабах -

Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.

Околу 20 отсто од територијата на Азербејџан, меѓу која и Нагорно Карабах и седум соседни региони, се под нелегална ерменска окупација скоро три децении.

Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.