Adham Kako
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АНКАРА (АА) - Сириска мрежа за човекови права соопшти дека за време од 72 часа по прогласувањето на примирјето во Сирија од страна на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), животот го загубиле 107 цивили, од кои 34 деца и 18 жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Сириска мрежа за човекови права се истакнува дека во првите 72 часа по одлуката на СБОН донесена на 24. февруари за прогласување на 30 дневно примирје во Сирија, животот го загубиле 107 цивили, од кои 34 деца и 18 жени.
Силите на режимот, според извештајот на Сириска мрежа за човекови права, извршиле напади врз руралните подрачја на Идлиб, Хомс и Дамаск (подрачјето на источна Гута) во кои животот го загубиле 83 цивили, меѓу кои 18 деца и 13 жени.
Во извештајот се наведува дека коалициските сили кои се борат против терористичката организација ДЕАШ, извршиле воздушни напади во кои загинале 16 цивили, од кои 10 деца и 4 жени.
Терористите на ДЕАШ убиле 4 деца, додека во напади изведени од страна на неидентификувани напаѓачи, животот го загубиле 4 цивили, од кои две деца и една жена.
Во извештајот се вели дека на позициите нападнати од страна на силите на режимот не се наоѓа ниту еден воен центар или штаб, додавајќи дека во гранатирањето на населените места, погодени се пазар и една џамија.
Според извештајот, режимот ги бомбардирал руралните делови на Дамаск со 43 барелни бомби, а 4 фрлил врз подрачјето на Хама (Hama).
СБОН, на 24. февруари донесе одлука за најмалку 30. дневен прекин на огнот на територијата на Сирија, со цел овозможување на достава на хуманитарна помош во земјата и евакуација на тешко болните и ранетите, особено во Источна Гута која се наоѓа под блокада од страна на силите на режимот. Со одлуката се бара „без одлагање“, воведување на 30 дневен прекин на огнот за да може хуманираната помош „безбедно, без пречки и на одржлив начин“ да се доставува низ Сирија и овозможување евакуација на „тешко болните и ранетите“.