Ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати во лизгање на земјиштето на голема депонија во предградието на главниот град на Етиопија, Адис Абеба, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти велат дека меѓу загинатите има претежно жени и деца, и дека стравуваат оти бројот на жртвите може да биде поголем.
Во моментот кога се спуштило свлечиштето на депонијата се наоѓале околу 150 луѓе. Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Кума рече дека 37 лица се спасени и дека им е пружена лекарска помош.
Многу од оние кои се наоѓаа на депонијата во тој момент собираа материјали кои подоцна ги продаваат за да преживеат.
Се уште не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето на депонијата, што се случи во саботата вечерта по локално време.
Во лизгањето на земјиштето, исто така се затрупани и импровизираните станбени објекти, како и деловните бетонски згради.
Станува збор за депонија која над 50 години им служи за депонирање на комуналниот отпад.