Ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Холивудскиот актер Ричард Гир, ја критикуваше изградбата на еврејските населби на палестинска територија, нарекувајќи ги апсурдна провокација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Познатиот актер во Ерусалим присуствува на премиерата на филмот „Норман“, на израелскиот режисер Јозеф Седар.
Гир престојот во Ерусалим го користи за да посети и голем број организации кои работат на градење на палестинско-израелскиот соживот и помирување, а еврејските населби ги нарече провокација и пречка за мирот.
„Очигледно е дека оваа окупација уништува сè и нема одбрана за тоа. Населбите се толку апсурдна провокација и се разбира, во меѓународни рамки се сосема нелегални, бидејќи тие не се дел од некој кој сака вистински мировен процес. Да бидам појасен, јас го осудувам насилството од сите страни затоа што, се разбира дека Израелците треба да се чувствуваат безбедно, но Палестинците не треба да се чувствуваат очајно“, изјави Гир.
Во Источен Ерусалим живеат 200.000 Евреи и 370.000 Палестинци. Ситуацијата не е многу поразлична на Западниот Брег.
Во повеќе од 100.000 еврејски населби живее повеќе од половина милион Евреи, додека во истата област живеат 2,5 милиони Палестинци.
Населените места во Источен Ерусалим и на Западниот Брег според меѓународното прав се целосно нелегални.