Ruslan Rehimov
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
БАКУ (АА) - Војската на Азербејџан изврши гранатирање врз позициите на војската на Ерменија на линијата на фронтот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека при гранатирањето на позициите на ерменската војска на линијата од фронтот, загинале 5 ерменски војници.
Министерството ги објави и видео-снимките од погодените позиции при гранатирањето.