ekipa
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан во следните два месеца ќе изврши попис на населението, прв по 19 години, соопшти денес пакистанската министерка за информации Мерјем Ауранзеб, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ауранзеб изјави дека пописот ќе се изврши во периодот од 15. март до 15. мај. Таа побара од граѓаните да соработуваат и предупреди на давањето лажни информации.
Како што рече, борбата на оваа јужноазиска земја против милитантите била главната причина за одолговлекување на пописот.
Портпаролот на пакистанската армија, генерал-мајор Асиф Гафур, истакна дека околу 200.000 војници ќе помагаат во собирањето податоци на терен.
Официјален Исламабад последниот попис го спроведе во 1998 година, кога земјата имаше околу 180 милиони жители. Аналитичарите веруваат дека Пакистан оттогаш ја преминал бројката од 200 милиони жители.