Ruslan Rehimov
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
БАКУ
Ерменија истрела балистички ракети врз азербејџанските области Сијезен, Гебеле и Ќурдемир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека денеска околу 7:00 часот по локално време биле истрелани три ракети кон областа Сијезен, додека околу 9:00 часот истрелани се две ракети кон областа Гебеле и една ракета кон областа Ќурдемир.
Во соопштението се нагласува дека ракетите биле истрелани од територијата на Ерменија и било забележано дека цел на ракетите се цивилите.
Исто така се наведува дека во нападите нема загуба на животи.