Ömer Tuğrul Çam
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека го потсетил претседателот на Ерменија, Армен Саркисјана, дека НАТО не е страна во судирот во Нагорно-Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг и Саркисјан дадоа изјава за новинарите по состанокот во седиштето на НАТО во Брисел.
„Го потсетив претседателот дека НАТО не е дел од ивој судир", рече Столтенберг, наведувајќи дека разговарале за ситуацијата во Нагорно-Карабах.
Како што рече, и Азербејџан и Ерменија се вреди партнери на НАТО повеќе од 25 години.
Нагласувајќи дека НАТО е загрижен поради кршење на примирјето, Столтенберг укажа на важноста на завршувањето на споровите, ублажувања на страдањата и пронаоѓање на мирно решавање.
Столтенберг ги повика страните да се придржуваат кон прекинот на огнот и рече дека сакаат напнатоста што поскоро да се намали.
„Земањето на цивилите за цел е неприфатливо и треба веднаш да престане. Сите би требале да работат на трајно политичко решение. Ерменија и Азербејџан би требало да ги продолжат преговорите", рече Столтенберг.
Столтенберг исто така упати благодарност до Ерменија за придонесот во НАТО мисиите и операциите.
И Саркисјан смета дека е неприфатливо земање на цивилите за цел.