Davit Kachkachishvili
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ТБИЛИСИ (АА) - Во Грузија, напаѓач кој се обидел да изврши кражба во банка, како заложници задржал голем број лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Во соопштението се нагласува дека неидентификувано лице влегло во банка во градот Зугдиди и заканувајќи се со оружје, како заложници задржало бројни вработени во банката.
Според соопштението, на местото на настанот се наоѓаат специјални полициски сили кои започнале операција за спасување на заложниците.
Се соопштува дека операцијата е сѐ уште во тек.