Abdulselam Durdak
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Втората најголема банка во Германија, „Комерцбанк“, во следните неколку години би можела да отпушти 9.000 вработени, јавува Anadolu Agency (AA).
Германскиот економски весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на неименуван извор, наведува дека банката „Комерцбанк“ со седиште во Франкфурт, која има околу 50.000 вработени, во рамките на реорганизацијата на внатрешните структури би можела да отпушти околу 9.000 лица.
Во веста во која се најавува претставувањето на визијата на Мартин Зиелк, генерален директор на „Комерцбанк“, за иднината на банката до 2020 година, за реорганизација до 2020 би можело да биде вложено и до милијарда евра.