Admir Fazlagic
11 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – Вчера во Скопје вработен во НЛБ банка, од трезорот на банката украл 2 милиони франци и 270 илјади евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лицето Б.С. (40), вработенo во НЛБ банка, вчера од трезорот на банката во Скопје, украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.
Случајот вчера околу 17 часот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката, според кого Б.С. ги ставил парите во кесa и избегал во непознат правец.
Увидот во врска со овој настан е завршен.
Информациите ги потврдија од МВР, најавувајќи повеќе информации во текот на денот.