Ayhan Şimşek
23 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - Германската авиокомпанија „Луфтханза“ денес ќе откаже 876 летови, од кои 51 меѓународен, поради штрајкот на пилотите, јавува Anadolu Agency (AA).
Истовремено, од истата причина нискотарифната авиокомпанија „Еуровингс“, во сопственост на „Луфтханза“, вчера откажа околу 60 летови. Штрајкот на пилотите ќе погоди околу 100.000 патници, се наведува во соопштението на германската авиокомпанија, и се додава дека партнерите ќе преземат повеќе од 2.210 летови.
Синдикатот на пилотите повика на 24-часовен штрајк барајќи покачување на платите, кои последен пат се покачени во 2011 година. Од синдикатот на германските пилоти Вереинигунг кокпит повикаа на 24-часовен штрајк по полноќ, откако не е постигнат договор со работодавачите.
Инаку, Вереинигунг кокпит (VC) бара годишно покачување од 3,66 отсто, додека работодавецот не се согласува да се покачат платите. Од синдикатите на германските пилоти исто така е соопштено дека преговорите на пилотите и „Луфтханза“ не биле успешни.
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ од 2014 година, 13 пати стапуваат во штрајк.