Husameddin Gina
24 Октомври 2018•Ажурирај: 24 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Денеска официјално е потпишан договорот за годишно спонзорство помеѓу „Халкбанк А.Д. Скопје“ и Ракометната федерација на Макдонија (РФМ), со кој „Халкбанк А.Д. Скопје“ одлучи да ги поддржи македонската машка и женска ракометна репрезентација, сѐ до крајот на 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Билал Суџубаши, главен извршен директор на „Халкбанк А.Д. Скопје“ изјави дека како банка, со спонзорството, заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи, одлучиле да им дадат дополнителен мотив на ракометарите за да продолжат со победи.
„Во изминатиот период, во нашите реклами особено е истакнато дека важни се луѓето. Во тој контекст спортот овозможува на човекот да ја покаже својата човечност, и на човекот му дава посебна вредност. Ракометот во Македонија е значајна спортска гранка. И навистина спортска гранка која на Македонија ѝ додава вредност“, истакна Суџубаши.
Суџубаши, исто така нагласи дека во наредниот период на само како спонзори туку ракометната репрезентација ќе ја поддржуваат во секој домен, вклучително и како гледачи, и оти верува дека ќе забележат многу добри резултати.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, изјави дека како ракометна федерација се почестени со тоа што „Халкбанк“ е спонзор и дека со тоа добиваат екстра-ветер во грбот.
„Драго ми е што „Халкбанк“ ги препознава вредностите на живеењето во Македонија, и што ги препознава и вредностите на ракометниот спорт, како најпопуларен спорт, спорт број еден во Македонија“, изјави Мукаетов.
На прес-конференцијата беа присутни и селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, како и капитенот Кире Лазаров, кои, исто така ја истакнаа својата благодарност до „Халкбанк А.Д Скопје“, како најнов поддржувач на ракометната репрезентација и истовремено посочија дека се надеваат на долга и успешна соработка што несомнено ќе придонесе за многу нови победи.
На утрешниот кфалификациски натпревар помеѓу репрезантациите на Македонија и Турција за Европското првенство во 2020 година, ракометарите на македонската репрезентација за првпат ќе носат дресови со логото на „Халкбанк А.Д. Скопје“.