Emel Öz
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АНКАРА
Тура Гроуе Краусе, епидемиолог од Данскиот државен серумски институт, истакна дека варијантата Омикрон на Ковид-19 може да стави крај на епидемијата во неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Краусе за данската „ТВ 2“ истакна дека во новото истражување спроведено од Институтот се покажало дека ризикот од хоспитализација од Омикрон е двојно помал отколку кај Делта.
Наведувајќи дека епидемијата на Ковид-19 во неговата земја може да заврши за само два месеца и дека тоа може да се случи благодарение на варијантата Омикрон, Краусе посочи дека наскоро може да се врати нормалниот живот.
Нагласувајќи дека повеќе луѓе ќе бидат заразени со варијантата Омикрон која не предизвикува сериозни симптоми, Краусе предупреди дека Омикрон ќе изврши интензивен притисок врз здравствениот систем во следните два месеца.
Исто така додаде дека со тоа ќе се обезбеди добро ниво на имунитет кај населението.
„Омикрон ќе го достигне својот врв на крајот на јануари и во февруари ќе видиме намалување на притисокот од инфекцијата“, подвлече Краусе.