Sayed Khodaberdi Sadat
07 Јануари 2019•Ажурирај: 08 Јануари 2019
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската покраина Пактика се случи експлозија во која животот го загубија 6 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Пактика, шех Мухамед Арја, за новинарите изјави дека во градот Џанихил, експлодирала бомба поставена покрај патот. Во несреќата животот го загубиле 6 цивили.
Арја информираше дека во експлозијата се ранети и 6 цивили, додавајќи дека меѓу ранетите што се хоспитализирани има лица што се наоѓаат во тешка состојба.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.