Aydoğan Kalabalık
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
КАИРО (АА) - Изминаа пет години од воениот удар на 3 јули 2013 година и соборувањето на Мухамед Морси, првиот египетски претседател избран по демократски пат, јавува Anadolu Agency (AA).
По воениот удар во Египет, против Морси се подигнати шест судски постапки. „Ставање на листа на терористи“, „Шпионирање во име на Катар“, „Настани во Палатата на единството“, „Затворски рации“, „Навреда на Врховниот суд“ и „Шпионирање во име на Хамас“ се обвинувањата за кои се суди Морси. Од овие обвинувања, за три се донесени конечни одлуки, додека за преостанатите три, судските процеси се во тек.

Институциите за човекови права, ситуацијата во која се наоѓа Морси и неговото судење го проценуваат како „политички“ настан. Некои политички аналитичари кои живеат во Египет, развојот на настаните го проценуваат како политичка конкуренција.
За АА изјава даде Ала Абдулмунсиф, претседател на Организацијата „Салам“ за заштита на човековите права. Според него, целиот настан што се спроведува врз Мухамед Морси претставува „реваншизам“.
Абдулмунсиф изјави дека тоа што по воениот удар, Морси се изгубил од сцената и во тој период не било познато местото каде што бил држен, потоа неговото изведување пред суд, држењето во самица за време на судските постапки и судењето на Морси од страна на само одредени судии, го оценува како „еден вид реваншизам“.
Абдулмунсиф истакнува дека судскиот процес против Морси не е во согласност ниту со египетските, ниту со меѓународните правни критериуми. „Судските одлуки против Морси се политички. Режимот, на некој начин, сака да се спаси од Морси“, вели Абдулмунсиф.
- „Режимот не размислува да се смири со муслиманското братство“
Професор д-р Саид Садик од Американскиот Универзитет во Каиро, од Катедрата за политичка социологија, изјави дека судскиот процес против поранешниот египетски претседател Морси е резултат на политичко ривалство кое во Египет постои последните години.
Проф. Садик, истакнувајќи дека раководството во Египет е крајно моќно, ја даде следнава констатација: „Не можеме да потврдиме до каде ќе одат судските постапки против Морси. Режимот во моментов е многу моќен и воопшто не размислува на смирување со муслиманското братство. Како е можно Морси да го ослободат оние кои го соборија од власт?“
- Судски процеси против Морси
Против Морси досега се завршени три судски процеси и донесени се конечни одлуки по тие обвинувања. Првото обвинување е поврзано со „Настани во Палатата на единството“. Судот по ова обвинување на 22 октомври 2016 година на Морси му додели 20 години затвор.
Судскиот процес во врска со терористичката листа се најде во Врховниот суд на 21 март 2017 година. Врховниот суд ја потврди одлуката на Судот, Мухамед Морси и уште 26 лица, меѓу кои се најде и Мухамед Бедри (75), претседател на Муслиманското братство, три години да бидат ставени на листата на терористи. Судската одлука е донесена во април 2016 година.
Донесената трета одлука во судските процеси против Морси е во обвинението под наслов „Шпионирање во име на Катар“. Врховниот суд на 16 септември 2017 година му ја намали казната на Морси на 20 години. Судот претходно на 18 јуни 2016 година го осуди Морси на 40 години затвор.
Морси во судскиот процес „Навреда на Врховниот суд“ беше осуден на три години затвор. Оваа пресуда не е потврдена, бидејќи е поднесена жалба.
- Прекинат е судскиот процес за смртна казна
Апелациониот суд на 15 ноември 2016 година ја поништи претходната одлука за смртна казна и побара на Морси повторно да му се суди за судскиот процес „Затворски рации“.
Во тек е повторниот судски процес за Морси, по поништувањето на пресудата за смртна казна, донесена на 16 мај 2015 година.
Со воен удар пред пет години Морси е соборен од власт. Во судскиот процес против Морси кој е во тек, на ред е 6. обвинение под наслов „Шпионирање во име на Хамас“.