Ali Semerci
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ГАЗА (AA) - Израелските војници интервенираа денеска во текот на мирните протести на Палестинците во текот на подрачјето на Газа во близина на границата со Израел при што се ранети десетици лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелските сили во текот на интервенцијата користеле солзавец но и боева муниција.
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина Ашраф ал-Кудра, во изјава за Anadolu Agency наведе дека израелските војници отвориле оган на Палестинците кои протестирале на истокот на Газа.
Потврди дека како последица на отворениот оган се ранети десетици лица.
Неколку стотици Палестинки денеска протестираа денеска во рамките на мирните демонстрации на „Големиот марш на враќање" кои од 30 март се одржуваат на границата на Газа.
Тензиите на Блискиот исток дополнително се интензивирани по преселувањето на американската Амбасада во Ерусалим кој Израел го окупирал во 1967 година.
Илјадници Палестинци од крајот на март на границата на Газа протестираат поради израелската окупација и бараат право на враќање во својата земја. Израелските сили убија најмалку 130, а ранија повеќе од 14 илјади демонстранти.