Safvan Allahverdi
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа разговараше со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за престојниот самит на американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Стејт департментот соопшти дека Помпео и Лавров во синоќешниот телефонски разговор разгледале и низа билатерални и глобални теми.
Минатата недела Белата куќа и Кремљ соопштија дека претседателите на двете земји, Трамп и Путин, првиот состанок ќе го одржат на 16 јули во главниот град на Финска, Хелсинки.
Паралелно со тоа, група републикански претставници на американскиот Конгрес престојува во официјална посета на Русија за да разговара со руските парламентарци за престојниот самит.