Alperen Aktaş
02 Март 2024•Ажурирај: 04 Март 2024
АНТАЛИЈА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавата на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за можна конфронтација доколку Украина не успее во војната со Русија ја нарече „фројдовски лапсус“, јавува Анадолу.
„Тоа е како фројдовски лапсус, тој го кажува она што тие го мислеле“, рече Лавров на Дипломатскиот форум во Анталија.
„Пред тоа сите велеа дека не можат да дозволат Украина да загуби, бидејќи Путин нема да застане тука и ќе ги нападне Полска, Финска, а сега слушаме како некој отворено зборува, секретарот Остин отворено вели дека немаат такви планови, така што тоа е обратно, Американците имаат такви планови, бидејќи чувствуваат дека Европејците се оддалечуваат од нив“, рече рускиот министер.
Лавров истакна дека Европа е главната жртва на политиката за обид за вклучување на Украина во НАТО.
Американскиот секретар за одбрана Остин неодамна рече дека Русија и НАТО би можеле да дојдат во директен воен конфликт доколку Украина падне.
Дипломатскиот форум во Анталија започна вчера и во текот на тридневната програма ќе собере речиси 4.500 учесници, меѓу кои 19 шефови на држави, 73 министри и 57 претставници на меѓународни организации од 147 земји.