АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин објваи статија во која се истакнува: „Турција ги поддржа сите обиди кои политички, Балканот ќе го држат во мир и безбедност. Политичката стабилност на регионот не е значајна само за Европа, туку е од големо значење и за целиот свет“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Калин во весникот Дејли Сабах, во текстот под наслов „Што сака Турција на Балканот?“, наведува дека некои отсекогаш покажувале особено внимание на односите на Турција со земјите од Балканот и Јужна Европа.
Калин потсети дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во текот на неделата што измина организираше состанок на кој се бараа одговори на прашањата „Што сака Турција на Балканот? Кој е ‘големиот план’ на Турција кон регионот?“, истакнувајќи дека на средбата, одговорите на овие прашања биле „за доборо на сите“.
„Потребно е веќе оние кои непрестано се обидуваат да измислуваат приказни за балканската политика на Турција, конечно да сфатат што сакаме да направиме“, напиша Калин во статијата.
Калин истакна дела пред сѐ, Турција со Балканот споделува умствена и духовна географија. Голем број литературни дејци, научници и политичари од Балканот оставиле свој белег во Османлиската култура, уметност и политика. Голем број лица, како што се Мехмет Акиф Ерсој, творецот на турската химна, и писателот Јахја Кемал Бејалти по потекло се од Балканот.
Калин зборувајќи за присуството на големиот број дејци и научници во Османлиската историја кои по потекло се од Балканот, во својот напис наведува „Затоа, ниту еден Турчин, Сараево, Мостар, Скопје, Нови Пазар или Приштина не ги гледа како далечна географија. Истоите чувствата го имаат и муслиманите од Балканот кон Истанбул, Бурса, Конја и останатите анадолски градови“.
Калин се потсети и на фактот дека Турција, без оглед на етничката или верската припадност, направила значајни инвестиции на Балканот, додавајќи дека Владата на Турција, државните банки, приватни компании и организации, на Балканот спровеле на стотици проекти или сѐ уште работат на нив.
- Турските проекти на Балканот
„Истовременото постоење на добри релации и односи со Србија и со Босна и Херцеговина, за Турција не претставува контрадикторност“, наведува во својот текст Калин и продолжува со зборовите:
„Истовремено, вложените напори на Турција за меѓународното признавање на Косово не се со цел да им наштетат на мирот во регионот, туку придонесува за негово одржување. Во изминатите години, турските банки отворајќи нови експозитури во балканските градови, на земјоделците и бизнисмените им обезбедија кредити. Турција, со цел да ги поддржи босанските сточари, од БиХ увезува животни. Потоа, изградбата на патот Белград - Сараево од страна на турски компании, на Балканот ќе му служи како пат на мирот. ТИКА во регионот спроведе на стотици мали и средни проекти, и благодарение на техничка поддршка што ја дава, овозможува зголемување на капацитетите. Во исто време, Турција продолжува да им дава обука на безбедносните сили на земјите од Балканот. Турција е и земја која ги поддржува балканските земји во нивното членство во НАТО и Европската унија“.
- Три поглавја на турската визија за Балканот
Портпаролот Калин, за турската визија за Балканот напиша дека може да се опише со три поглавја, „политичка стабилност, економски напредок и културен развој“, продолжувајќи со зборовите: „Турција ги поддржа сите обиди со цел одржување на мирот и безбедноста на Балканот. Политичката стабилност на регионот не е значајна само за Европа, туку е од големо значење и за целиот свет. Во светот на меѓусебна зависност, ниту еден судир не останува ограничен само на едно место. Насилството се проширува и на други места и може да биде причина која носи смртни последици. Затоа, Турција развива добри односи со сите страни, за да обезбеди политичка стабилност и безбедност.“
Калин наведува дека Турција инвестира на многу полиња на Балканот, како што се трговијата, финансиите, комуникации, инфраструктура, енергетика и сточарство, и го потикнува приватниот сектор да инвестира во овие сектори. Тој вели дека стотици турски компании покажуваат активности на Балканот и овозможуваат вработување на илјадници лица.
- Опасност од ФЕТО на Балканот
Во статијата Калин наведува дека доколку се разгледа успехот на Турција во борбата против ултрарасизмот, радикализмот и тероризмот, може да се забележи важноста на верското образование. „Турција е против идеологиите и начинот на кој Ал Каеда и ДЕАШ ја толкуваат исламската религија. Овој вид организации, можеби најдоа поддржувачи кај некои балкански муслимани, но не успеаја тоа да го постигнат меѓу народите. Но треба да се биде претпазлив. Затоа, како Турција им даваме поддршка на програмите кои овозможуваат правилно учење на Исламот“, вели Ибрахим Калин во својот напис.
„Една друга закана со која се соочува Балканот е ФЕТО“, рече Калин и продолжува коментирајќи: „Организација која се карактеризира со систем на верба на изопачен и култен стил, претставува закана, не само во Турција, туку и за балканските земји. Членовите на организацијата, под плаштот на невиност, ги спроведуваат своите активности на полето , образование, меѓуверски дијалог и толеранција, но потребно е секој да го види нивното вистинско лице. ФЕТО не се инфлилтрираше само во државние институции, во исто време го спроведе и предавничкиот обид за државен удар на 15 јули. Оваа организација ѝ нанесе штета на исламската вера исто колку тоа го направија терористичките организации АЛ Каеда и ДЕАШ. Затоа, потребно е на Балакот да се биде внимателен пред оваа закана.“
Целта на Турција на Балканот, како што наведува портпаролот на Турското претседателство Калин, не е да го зголеми своето население, туку во регионот да даде поддршка за политичката стабилност, економскиот напредок и за активностите на полето на културата и образованието.
„Ние сме против секој вид на микро-национализам. Сите национални и локални ситуации, треба да се следат од локалните народи и националните власти. Како што силна Турција е добра за Балканот, така стабилен Балкан и негов напредок, е добро, како за Турција, така и за светот во целост“, напиша Калин во статијата објавена во весникот Дејли Сабах.