свет, политика

Министер на египетското МНР: Официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ги развиваат билатералните врски

- Налетот воспоставен со официјалните посети дефинитивно ќе влијае на промоцијата на односите и на стекнување на свеста за нивното значење

Ikrame Imane Kouachi  | 01.03.2024 - Обновена : 04.03.2024
Министер на египетското МНР: Официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ги развиваат билатералните врски

АНТАЛИЈА (АА) - Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, денес нагласи дека официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ќе имаат „силно влијание на унапредувањето“ на билатералните односи, известува Анадолу.

„Претходните состаноци на претседателот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдел Фатах Сиси би требало да ја започнат новата фаза во односите меѓу двете земји', рече министерот Шукри за Анадолу во текот на своето прво учество на Дипломатскиот форум Анталија во Туркије.

Тој изрази надеж дека јакнењето на односите на двете земји ќе помогне да се надвладеат предизвиците во регионот.

„Се надеваме дека ќе со придвижување на продуктивните односи ќе дојде до поголемо ниво на координација каде и двете земји, користејќи ги своите способности и својата големина, ќе влијаат на ситуацијата, на предизвиците што постојат во нашиот регион. Се надеваме дека ќе изнајдеме област на соработка и ќе можеме да имаме продуктивен дијалог за нашите интереси“, рече Самех Шукри.

Што се однесува на претстојната посета на Туркије од страна на претседателот на Египет, Шукри рече дека „датумот сѐ уште не е одреден“, напоменувајќи дека „претседателот се радува на можноста да биде во Анкара за да го продолжи дијалогот со претседателот Ердоган“.

Министерот Шукри нагласи дека „налетот воспоставен со официјалните посети дефинитивно ќе влијае на промоцијата на односите и на стекнување на свеста за нивното значење на ниво на јавно мислење и на поттикнување на претприемачите од двете страни да продолжат да ги истражуваат можностите што постојат и да ја искористат нивната целосна предност“.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на 14 февруари престојуваше во Каиро, во историска официјална посета, во рамките на континуираните напори да се развијат билатералните односи.

Тоа беше прва посета на турскиот претседател на Египет од 2012 година.

Во јули минатата година, Туркије и Египет го издигнаа нивото на дипломатските односи и именуваа амбасадори.

Врските меѓу двете земји беа на ниво на вршители на должност од 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.