Hajer M'tırı
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Европскиот парламент вчера го укина имунитетот на двајца пратеници од Националниот фронт на барање на француските обвинители, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот парламент преку соопштение нагласи дека членовите на парламентот ја прифатиле одлуката преку кревање на рака....за време на пленарната седница во Стразбур.
Поранешниот лидер на екстремно-десничарската партија Национален фронт, Жан-Мари Ле Пен, кој беше член на Европскиот парламент од 1984 година, се соочува со судска истрага за јавна клевета од расистичка природа, за расистички коментари што го даде во август 2009 година.
Тој за француското радио RTL изјави: „90 проценти од злосторствата се извршени или од страна на имигранти или од лица со имигрантско потекло“.
Претходно оваа година, тој беше официјално обвинет за поттикнување омраза, откако членовите на Европскиот парламент гласаа за укинување на парламентарниот имунитет за да се истражат антисемитските коментари дадени во 2014 година.
Ле Пен е осуден неколкупати за расизам, поттикнување расна омраза и негирање или минимизирање на холокаустот, што претставуваат казнени дела во Франција.
Тој беше избркан од партијата на Националниот фронт во август 2015 година по семејна расправија со неговата ќерка, Марин Ле Пен, сегашниот лидер на партијата.
Милен Трозцински, се гони за слични обвиненија како и за провоцирање на омраза или насилство за објава на Твитер во септември 2015 година, поточно за објава на фотографија од група жени целосно покриени со вел, како стојат пред фонд за семеен додаток во Франција. Сликата се испостави дека е монтирана.
Денес, Европскиот парламент треба да разгледа уште едно барање за укинување на пратеничкиот имунитет - овој пат за помладата Ле Пен за случајот за клевета поднесен од градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси.
Француски обвинители, исто така во април поднесоа барање за укинување на имунитетот на лидерката на екстремната десница во врска со одделна истрага за потенцијални лажни работни места на некои парламентарни помошници од партијата.
Барањето се процесуира согласно вообичаената процедура.