Ekip
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска соопшти дека руската економија ја надминала рецесијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Путин во телевизиското обраќање до нацијата рече дека кризата е готова, укажувајќи на економскиот раст на земјата во изминатите девет месеци.
Тој исто така укажа на ниската инфлација и растот на девизните резерви.
Путин призна дека руската економија сѐ уште е зависна од извозот на суровини, но истакна дека извозот на неергентските стоки е во пораст.
Русија влезе во рецесија поради комбинираниот удар на западните санкции и падот на цените на нафтата.
Санкциите кон Русија беа воведени поради нејзиното анектирање на Кримскиот Полуостров и поради нејзината поддршка на бунтовниците во источниот дел на Украина.