Ekipa
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Прекините во напојувањето со струја на Меѓународниот аеродром во Брисел рано утринава предизвика повеќечасовно одложување на летовите, поради што стотици патници останаа да чекаат на терминалите за излез, пренесува Anadolu Agency (AA).
Имаше прекин на струјата утринава во пет часот, а според соопштението на официјалните лица, целиот систем на овој меѓународен аеродром остана без напојување.
Стотици патници со својот багаж останаа пред терминалите за излез, а влегувањето на аеродромот беше дозволено дури два часа подоцна.
Струјата набргу беше пуштена, но влијаеше на распоредот на сите летови планирани за денес.
И покрај повеќечасовното одложување на летовите, од аеродромот патниците беа предупредени да дојдат навреме.