Ekipa
07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ФРАНКФУРТ
Илјадници луѓе се евакуирани утрово од франкфуртската населба Остенд, од која денеска ќе биде отстранета бомба од Втората светска бомба, тешка 500 килограми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Власта воспостави евакуациска зона околу целото подрачје кое го вклучува и седиштето на Европската централна банка и неколку болници.
Градските власти наложија околу 16.500 луѓе да ги напуштат своите домови до 8:00 часот наутро. Се очекува деактивирањето на бомбата да започне околу 12:00 часот, а сѐ да се заврши до 18:00 часот.
Неексплодираната бомба од американско потекло е пронајдена на едно градилиште во Франкфурт минатиот месец. Во Германија годишно се откриваат повеќе од 2.000 тони бомби и муниција, останати од Втората светска војна, која заврши во 1945 година.