Sayed Khodaberdi Sadat
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
КАБУЛ (АА) - Во експлозија во џамија, во местото Родат, провинција Нангархар во источен Авганистан, загинаа четири а ранети се 60 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според зборовите на портпаролот на канцеларијата на гувернерот Нангархар Атаулах Хогјани, експлозивната направи била поставена во михработ, а активирана е за време на молитвата која муслиманите ја извршуваат во петок.
Хогјани додаде дека меѓу загинатите се наоѓа и имамот на џамијата.
Постои загриженост дека бројот на мртвите би можел да се зголеми. Сеуште никој не презеде одговорност за нападот.