свет

Падна мал авион во Австралија, загинаа 2 лица

- Во северниот дел на сојузната држава Јужна Австралија, во подрачјето на градот Леи Крик, од засега непознати причини падна мал авион од типот Brumby 610.

Recep Şakar  | 07.07.2019 - Обновена : 09.07.2019
Падна мал авион во Австралија, загинаа 2 лица Foto: Arhiva / AA

МЕЛБУРН

Во јужниот дел на Австралија падна мал авион. Во несреќата животот го загубија 2 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави австралиската институција за информации, во северниот дел на сојузната држава Јужна Австралија, во подрачјето на градот Леи Крик, од засега непознати причини падна мал авион од типот Brumby 610.

Авионот паднал на околу 4,5 километри од аеродромот во Леи Крик, а во несреќата животот го загубиле пилотот Петер Геслер на 59-годишна возраст и 48-годишна жена, чиј идентитет засега не се соопштува.

Во веста се истакнува дека бизнисменот Геслер, кој е одгледувач на коњи во сојузната држава Квинсленд, заедно со починатата жена летал на приватна турнеја во руралните предели на Јужна Австралија.

Австралиското биро за безбедност во транспортот започна истрага во врска со несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.