Hasan Esen
07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ЛОНДОН
Се тврди дека сер Ким Дерок, амбасадорот на Британија во Вашингтон, напишал извештај во кој вели дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е „неспособен“ и дека постои ризик својата должност да ја заврши на еден „засрамувачки“ начин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Дејли мејл“ (Daily Mail) објави текст за кој тврди дека претставува дел од дипломатските дописи на британскиот амбасадор во САД, Дерок.
Во веста се отстапува место за еден од дописите на британскиот амбасадор, во кои се отсликува неговото гледиште за американскиот претседател „Не верувам дека администрацијата на Трамп од дипломатски аспект ќе биде значително постабилна, помалку дисфункционална, помалку непредвидлива, помалку фракциска и помалку несмасна и некомпетентна.“
- „Би можел да заврши на срамен начин“
Дерок истакнува дека според негово мислење, Белата куќа нема да биде сметана за „компетентна“, додека е раководена од страна на Трамп. Освен тоа, тој во дописот наведува дека е можно за моменталното раководство „на виделина да излезат некои работи, поради кои тоа би можело да заврши на срамен начин“.
Дерок истакнува дека е можно поради скандали да дојде до уривање на администрацијата на Трамп, но сепак, ја повика британската Влада да не го „избрише“ Трамп.
- „Постои ризик да каже нешто, а да го направи сосема спротивното“
Британскиот амбасадор во дописот предупредува дека американскиот амбасадор целиот свој живот го поминал со скандали, но дека секогаш успевал да остане на нозе, истакнувајќи „Трамп, како и [Арнолд] Шварценегер во финалните сцени на „Терминатор“, по добиениот ќотек, од огнот може да излезе жив.“
Дерок за претседателот на САД рече дека „Постои ризик да каже нешто, а да го направи сосема спротивното“, истакнувајќи дека при комуникацијата со Трамп, потребно е поедноставување на замислите, дури и тие да се кажат јасно.
- „Им плаќаме за да бидат искрени“
Во врска со протекувањето информации, овластено лице од Министерството за надворешни работи на Британија изјави „Британскиот народ од нашиот амбасадор очекува да биде искрен кон министрите и да даде едноставна проценка за политиката во земјата во која се наоѓа.“
Ова овластено лице истакна дека не значи оти гледиштата на амбасадорот се секогаш и гледишта на министрите или на Владата, изјавувајќи „Им плаќаме за да бидат искрени.“
Истото лице подвлече дека постојат дописи и на американскиот амбасадор во врска со британската Влада и официјалните лица, но дека односите меѓу двете земји се толку цврсти што можат да ги поднесат овие протекувања на информации.
Дерок (65) е поставен за амбасадор на Британија во САД во јануари 2016 година, 10 месеци пред Трамп да победи на претседателските избори.