свет

Два авиона се судрија во воздух во Нов Зеланд

Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека во судирот на авионите смртно настрадале двајца пилоти

Recep Şakar  | 16.06.2019 - Обновена : 17.06.2019
Два авиона се судрија во воздух во Нов Зеланд Фото: АА/Архива

МЕЛБУРН (АА) - Двајца пилоти загинаа при судар на два авиона во воздух во подрачјето на Мастертон, над Северниот Остров на Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на радио „Њу Зеланд“ (Radio New Zeland), на 100 метри височина кај аеродромот „Худ“ се судриле два авиона, од кои едниот бил авион за обука кој полетувал, додека другиот авион слетувал откако четири падобранци скокнале од него.

Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека во судирот на авионите смртно настрадале двајца пилоти.

Полицијата информираше дека од остатоците на авионот е извлечен трупот на едниот пилот, додека трупот на вториот пилот ќе биде извлечен утре.

Институтот за цивилно воздухопловство на Нов Зеланд започна истрага во врска со овој случај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın