Burcu Arik
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
КОПЕНХАГЕН (AA) - Данска денеска ја воведе контроверзната забрана за носење никаб во јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Жените што носат никаб ќе бидат казнети со парична казна до 1.000 круни (156 долари), а ако казнувањето се повторува би можела да биде изречена и парична казна до 10.000 круни (1.224 долари).
Законот е одобрен во данскиот Парламент во мај со 75 гласа за, 30 против, а 74 пратеници беа отсутни од седницата.
Меѓутоа, Законот кој е опишан како дискриминациски предизвика огорчување.
Во Европа има слични закони во Австрија, Франција и Белгија.
Францускиот бизнисмен со алжирско потекло, Рашид Неказ, основа фонд за плаќање казни на жените што носат бурки. Законот го нарече „илегален“ и плати повеќе од 500 парични казни во шест земји.
Исто така, Неказ, најави дека ќе им се плаќаат казните и на жените во Данска.