Sorwar Alam
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
СИНГАПУР (AA) - Првиот трилатерален министерски состанок помеѓу Турција, Сојузот на држави на Југоисточна Азија (АСЕАН) и министерот за надворешни работи на Сингапур, одржан е во средата во Сингапур, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на АСЕАН, Дато Лим Јок Хои и министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивиан Балакришнан, кој е претседател на АСЕАН 2018 година, ги разгледаа идните чекори и подрачјата на соработка.
Трилатералниот состанок следуваше по воспоставувањето на партнерскиот дијалог на Турција и АСЕАН минатата година.
Дискусијата е одржана во согласност со рамките на 51. Состанок на министрите за надворешни работи на членките на Советот на државите на југоисточна Азија (АСЕАН), а целта е Турција да ги продлабочи односите со оваа меѓународна организација.
Се очекува дека Чавушоглу ќе одржи билатерални состаноци со своите колеги од другите земји учеснички.
Анкара во 1999 година воспостави врски со АСЕАН и присуствуваше на првиот Самит во 2013 година.
Турција доби статус на набљудувач во мултинационалните полициски сили на АСЕАН во 2014 година и стана партнер на Секторот за дијалог на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН на Филипините минатата година.
Според турското Министерство за надворешни работи, крајна цел на Анкара, во однос на развојот на односите со АСЕАН е постигнување дијалог.
Откако минатата година отвори амбасада во Лаос, Турција има дипломатско претставништво во сите 10 земји членки на АСЕАН.