Amina Zorniç
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Јапонската јавност ја критикуваше управата на забавниот парк „Спејс ворлд“ во градот Китакјушу, каде што беше отворено лизгалиште во кое беа смрзнати 5.000 риби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во мразот на лизгалиштето што требаше да остане отворено до пролет, замрзнати се 5.000 мртви папалини, скуша и други видови риби, купени од локалните рибари.
Рибите во мразот се наредени така што е испишан зборот „здраво“ и стрелки коишто го покажуваат патот што треба да го следат лизгачите, наведува британскиот весник „Гардијан“.
Сликите од лизгалиштето брзо се проширија на социјалните мрежи во Јапонија, каде што граѓаните го критикуваа забавниот центар, истакнувајќи дека тоа е „неморален потег“.
„Длабоко им се извинуваме на оние на коишто лизгалиштето им беше непријатно искуство. Затоа, решивме да го затвориме“, се вели во соопштението на „Спејс ворлд“.
Портпаролот на паркот, Асахи Шимбун изјави дека сѐ уште не е донесена одлука за судбината на лизгалиштето и дека купените риби биле мртви пред да се замрзнат.
„Недоразбирањето настана на интернет, каде што луѓето мислеле дека рибите се замрзнати додека биле живи, бидејќи на некои од нив вилицата им останала отворена. Тоа требаше да го објасниме порано“, вели Шимбун.