ИСТАНБУЛ (АА) - ИХСАН ФАКИХ -
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), коi исламските движења активни во политиката ги сметаат како сериозна закана и се борат против овие движења во арапското опкружување, заради економските тешкотии со кои се соочуваат ќе треба да ја намалат поддршката на своите сојузници во регионот.
Обединетите Арапски Емирати не дозволуваат формирање на исламски здруженија или активности поврзани со исламските движења.
Некои земји од Заливот, особено Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, идеологиите на исламските движења, како што се Муслиманското братство (Ихван), ги гледаат како закана за нивните режими.
Стравувањата на земјите од Заливот во оваа насока се појавија уште повеќе по демонстрациите и револуциите наречени „Арапска пролет“. Обединетите Арапски Емирати поради тој страв предничеа меѓу државите и силите што се бореа против арапските револуции. Исто така, во арапското опкружување беа земја која водеше контрареволуции.
Еден од методите што ги користеше администрацијата на Абу Даби во војната против арапските револуции е преку медиумите, за кои одвои буџет за клеветење на исламските движење.
Едно од овие исламски движења е Муслиманското братство (Ихван), заради неговата историска позадина и неговото прифаќање од страна на арапските општества.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), освен со Муслиманското братство, отворија фронт и со Движењето Нахда во Тунис и Хамас во Палестина. ОАЕ овие движења, кои водат мирни активности во политиката и во општествениот живот, ги поистовети со терористичките организации како што се ДЕАШ, Ал Каеда и Ал Шабаб, кои го присвоија насилството.
Некои аналитичари тврдат дека администрацијата во Абу Даби во тој круг не ги ставила само исламските движења, туку сите што го прифатиле исламскиот дискурс, и дека ОАЕ со овој став се сметаат за „непријател на исламот“
Обединетите Арапски Емирати, кои исто така се обидоа да донесат ново сфаќање на исламот, спротивно на традиционалната вера, и во тој контекст во 2016 година во Грозни, главниот град на Чеченија, организираа конференција во соработка со организацијата Езхер и Русија.
На конференцијата се говоело дека „селефизмот“ е далеку од религиозната толеранција и честопати се доближил до „неверништвото“. Муслиманските научници и саудиските верски лица кои го преставувале „селефизмот“ на конференцијата реагирале на тоа.
- ОАЕ, поддржувајќи ги контрареволуциите, предизвикаа да растат хуманитарните кризи -
Администрацијата на Абу Даби, која го разјасни својот антиреволуционерен став на изборите одржани во Египет 2012 година, помалку од една година подоцна го поддржа воениот удар изведен на 3 јули 2013 година.
Интервенциите на ОАЕ во Сирија, Јемен и Либија и фактот што тие ги подржуваа контрареволуциите, предизвикаа граѓански војни и вооружени судири во овие земји. Војните во овие земји, исто така, предизвикаа раст на хуманитарната криза и опструкции на политичките решенија.
Администрацијата на Абу Даби во 2014 година ги отвори фронтовите во Јемен и Либија. Во Јемен, ОАЕ го подржа сепаратистичкиот Јужен транзициски совет. Во Либија, пак, го поддржаа водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, против либиската Влада предводена од Фаиз ес Сараџ.
Силите на Јужниот транзициски совет во Јемен, поддржани од Обединетите Арапски Емирати, подоцна беа обвинети за убиство на водачите на партијата Ислах.
Сепак, напорите на Обединетите Арапски Емирати за елиминација на партијата Ислах не успеаја. Партијата ги продолжи своите активности под покровителство на легитимната Влада поддржана од Саудиска Арабија. Исто така, партијата своите приврзаници ги стави во редовите на борците кои се борат против Хусите заедно со владините сили.
Во Либија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го подржаа Хафтар, кого го сметаа како сојузник во борбата против исламските движења. Хафтар на 4 април објави дека започнале напад врз главниот град Триполи со цел да ги отстранат терористичките групи поддржани од Владата на Сараџ.
- Економските проблеми на ОАЕ ќе влијаат врз неговите сојузници во Либија и Јемен -
Од друга страна, експертите наведуваат дека економските проблеми во Обединетите Арапски Емирати ќе влијаат на нивната поддршка за Калифа Хафтар во Либија и Јужниот транзициски совет во Јемен. Експертите, исто така, велат дека сојузниците на Абу Даби во овие две земји не успеале да ги спроведат политиките на ОАЕ.
Енвер Гаргаш, државен министер одговорен за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, во изјавата за телевизијата „Блумберг“ на 18 јуни истакна: „Некои наши пријатели донесоа еднострани и индивидуални решенија. Неодамна забележавме дека Хафтар во Либија и Јужниот транзициски совет во Јемен зазедоа ваков став. Се покажа дека повеќето од овие еднострани решенија се погрешни.“
Експертите велат дека заради економската состојба во која се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати може да ја повлечат или барем да ја намалат поддршката за Хафтар и Јужниот транзициски совет.
Од друга страна, некои експерти предвидуваат дека ОАЕ ќе ја продолжат својата борба против исламските движења кои се активни во политиката во Либија, Јемен или други земји, подржувајќи ги страните кои се против овие движења.
Меѓу другото, експертите, исто така, забележуваат дека ОАЕ ќе продолжат да организираат конференции и да создаваат алтернативни „религиозни“ институции во борбата против идеите и политиките на овие исламски движења.