Dilara Hamit
25 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
АНКАРА
Во Бразил во последните 24 часа се пријавени нови 1.185 смртни случаи од последиците на Ковид-19, додека во Мексико починаа 947 пациенти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на починати во латиноамериканската земја сега изнесува 53.830, а бројот на заболени достигна 1,18 милиони со 42.725 нови случаи на заразување од вчера, според Министерството за здравство.
Најнаселениот град во Бразил, Сао Паоло, останува најпогоден со 238.822 случаи на заразување.
„Во Мексико бројот на починати лица од последиците на вирусот се искачи на 24.324, а вкупниот број на случаи се зголеми за 5.437, при што изнесува 196.847“, соопшти Министерството за здравство.
Во Мексико, кое граничи со САД, од почетокот на пандемијата се оздравени 149.318 лица.
Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.