ИСТАНБУЛ (АА) - Искусните фоторепортери на Агенција Анадолија (АА) неумоно работеа за време на епидемијата за да го претстават молкот и тишината низ целиот свет кога луѓето остануваа дома за да се заштитат од новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Избирајќи колекција од 320 фотографии од целиот свет во еден албум, Агенцијата го подготви „Lockdown“, што всушност претставува историски документ за иднината.
Поради пандемијата, улиците, плоштадите, јавниот транспорт, плажите и историските места осамнаа во досега невидена тишина.
Фотографиите направени во март, април и мај, вклучуваат многу места од Турција до Европа, од Америка до Азија и Пацификот, од Блискиот Исток до Африка.
Исто така, ќе биде подготвено и достапно за нарачување преку интернет и дигитална верзија на специјалното издание на 320 страници.
Фото-албумот го отсликува и глобалниот досег на Агенција Анадолија во својата 100. година од постоењето.

- Молкот низ улиците во Турција -
Фотографиите од поглавјата се придружени со кратки текстови кои раскажуваат за тоа како земјите и градовите ја доживуваат пандемијата.
Фотографиите од Турција во првото поглавје прикажуваат како со ширењето на вирусот, раздвиженоста низ улиците во голема мера е опадната.
Во краткиот текст заедно со фотографијата се објаснети преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за здравство, Фахретин Коџа, и членовите на Научниот советодавен одбор за коронавирусот.
- Фотографии од Европа -
Второто поглавје ,насловено како Европа, вклучува фотографии од текот на епидемијата од Лондонското око, улицата Реџент и станицата на подземната железница „Пикадили“ во Велика Британија, како и фотографии од други места во земјата.
Во поглавјето преку фотографии се доловува како пандемијата ги претвори познатите плоштади и улици низ Европа во „градови на духови“.
- Влијанието на пандемијата на американскиот континент -
Третото поглавје со наслов Америка го прикажува влијанието на пандемијата преку фотографии направени во САД, Канада, Бразил, Перу, Чили, Еквадор, Мексико, Панама, Аргентина, Хондурас, Хаити, Гватемала, Колумбија, Куба и Боливија.
САД се на врвот на листата најпогодени земји од Ковид-19, се наведува во поглавјето, претходно најпосетените туристички дестинации како „Тајмс Сквер“, Централ Парк, мостот „Бруклин“ , Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк ги прикажува целосно празни.
Во ова поглавје, исто така, се потенцираат кризата и структурните проблеми во здравствениот систем на САД, најголемата светска сила.

- Тишината на претодно фреквеквентните улици -
Од Азија и Пацификот, четвртото поглавје, се прикажани голем број, вклучувајќи го и епицентарот на вирусот, кинескиот град Вухан, па сè до познатите места во Русија.
Во текстот е наведено влијанието на вирусот во Кина - најнаселената земја во светот - како и во Јужна Кореја, Сингапур, Јапонија, Тајланд, Индија, Пакистан, Индонезија, Азербејџан, Малезија и Русија.
Улиците и плоштадите во најфреквентните градови во светот Пекинг, Шангај, Хонг Конг, Токио, Делхи, Дака и Џакарта со досега најмала фреквентност, а историските места во тие земји без посетители.
- Борбата против Ковид-19 во регионите кои се соочуваат со хуманитарни катастрофи -
Во последното поглавје на фото-албумот, преку фотографии прикажани се регионите на Блискиот Исток и Африка, кои се зафатени од војни, судири, и се соочуваат со големи хуманитарни катастрофи.
Прикажани се најмногу погодените земји од вирусот во тој регион - Иран, Израел, Саудиска Арабија и земјите од Заливот, како и Палестина која се обидува да се избори со вирусот и покрај окупацијата и блокадата од Израел.
И во Мека и Медина во Саудиска Арабија, кои секоја година се домаќини на милиони аџии, завладеа тишина, со затворањето на џамиите за молитва.
Прикажани се и Јемен и Сирија во светло на пандемијата, како и ширењето на вирусот во африканските земји, полицискиот час во Египет, улиците низ северноафриканските земји Тунис, Либија и Алжир.