Yusuf Özcan
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати од новиот вид коронавирус, Ковид-19, во Франција се искачи на 29.731 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот за јавно здравство на Франција, во последните 24 часа потврдени се уште 81 нов случај на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 198.743.
Во болниците низ земјата од Ковид-19 се лекуваат 9.299 лицa, од кои 658 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 256 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 75.127.
Бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега веќе 77 дена по ред се намалува.
Во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починаа 11 лица, со што бројката на смртни случаи се искачи на 29.731.