Barış Seçkin
24 Јуни 2020•Ажурирај: 25 Јуни 2020
РИМ (АА) - Во последните 24 часа во Италија како последица на Ковид-19 починаа 30 лица, вкупно 34.644 од почетокот на епидемијата на вирусот во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита ги соопшти последните информации за епидемиолошката ситуација предизвикана со појавата на коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека бројот на активни случаи е помал за 988 и изнесува 18.655. До денес со Ковид-19 се заразени вкупно 239.410 лица. Во последните 24 часа се потврдени 190 нови случаи на вирусот.
Бројот на излекувани е поголем за 1.526 и изнесува вкупно 186.111.
Во последните 24 часа од вирусот починаа 30 лица.
Вкупниот број на смртни случаи е намален за 61 како резултат на пребројувањето во автономната администрација на Тренто, со што вкупниот број на починати изнесува 34.644.
Бројот на пациенти на одделите за интензивна нега е намален на 107.
Низ целата земја досега се извршени вкупно 5.107.093 тестирања.