свет

Германија: Околу две илјади луѓе на протестите против расизмот

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не на расизмот“, „Бојата на кожата не е кривично дело“, „Молчењето е насилство“ и „Расизмот е вирус“

Erbil Başay  | 05.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Германија: Околу две илјади луѓе на протестите против расизмот Фото: Erbil Başay/АА

БЕРЛИН (АА) - Во Берлин, главниот град на Германија, организиран е протестен марш против расизмот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Околу две илјади луѓе кои се собраа на плоштадот „Гендерменмаркт“ под слоганот „Не на расизмот“, имаа протестна прошетка до Столбот на Победата.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не на расизмот“, „Бојата на кожата не е кривично дело“, „Молчењето е насилство“ и „Расизмот е вирус“.

Поголемиот дел од демонстрантите беа млади луѓе кои извикуваа слогани против расизмот.

Меѓу нив беше и Алхаџи Јалоу, кој рече дека се приклучил на протестите затоа што и тој ги чувствува последиците од расизмот.

Смета дека со заеднички сили може да се стори нешто за решавање на овој проблем.

Јалоу наведува дека досега не се сретнал со тежок облик на расизам.

„Меѓутоа, во зоолошката градина ги слушнав зборовите како: Оди во живеалиштето на мајмуните или таму од каде што си дошол. Секако дека сум соочен со секојдневен расизам“, додаде тој.

Смета дека е потребно да се пријават оние што се однесуваат расистички, и дека е потребно санкционирање на таквите лица.

Официјалните претставници наведоа дека во протестната прошетка, во текот на која се преземени високи безбедносни мерки, учествувале околу 1.800 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın