Ayhan Şimşek
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека се надева оти на претстојниот самит Г7 во Женева, кој ќе се одржи на 8 и 9 јуни, ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нуклеарната програма на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на прашањата на пратениците на специјалната седница на Парламентот, Меркел истакна дека прашањата што го делат Вашингтон од неговите европски партнери, вклучувајќи го и нуклеарниот договор со Иран и трговските тарифи на САД, ќе бидат меѓу прашањата што ќе ги постави за време на нејзините билатерални разговори.
„Секако, ќе зборувам со американскиот претседател за моменталните проблеми кои ги имаме, особено во однос на Иран и трговските тарифи“, рече таа.
Меркел одби да даде каков било коментар во врска со новиот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој јавно ја критикуваше нејзината политика минатата недела и се заложи дека ќе ги поддржува популистичките движења против естаблишментот низ Европа.
Германската канцеларка само нагласи дека потсекретарот на Министерството за надворешни работи денес ќе разговара со него.