Ömer Yetkin Acar
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
САО ПАУЛО (АА) - За време на немирите во сојузната бразилска држава Минас Гераис, за три дена се запалени 50 градски автобуси, Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Минас Гераис, Фернандо Пиментел, изјави дека изминатите три дена во немирите во 26 општини се оштетени десетина банки, пошта и полициска станица. Исто така запалени се 50 автобуси, а 47 лица се приведени.
Пиментел истакна дека полицајците во цивил со контролирање на автобуските линии кои би можеле да бидат потенцијални цели, се обидувале да го спречат насилството.
Тој смета дека за немирите се одговорни криминалните организации незадоволни од новите, построги услови во затворите во оваа федерална држава.
Минатата недела во затворите во сојузната држава беа поставени блокатори на сигналот со цел прекин на комуницирањето на криминалните организации.