Recep Canik
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
НАЈРОБИ (АА) - Во кенискиот град Китале, исчезна мал авион со 8 патници и 2 члена на екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Кенија соопшти дека авионот на компанијата „Fly Sax“, кој од аеродромот во Китале полетал кон Најроби, исчезнал од радарот набргу по полетувањето.
Во соопштението се вели дека за последен пат авионот е забележан на радарот во 14:00 часот по локално време. Во авионот се наоѓале 8 патници и 2 члена на екипажот.
Како што се вели во соопштението, започната е акција за откривање на исчезнатиот авион, а поради темницата, потрагата е прекината и ќе продолжи утре наутро.
Од друга страна, локалните телевизиски канали објавија дека е можно авионот да паднал во централниот дел на Кенија, во подрачјето на планискиот предел на Националниот парк „Абердаре“.