Erbil Başay
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изрази уверување дека успешно ќе завршат преговорите за формирање на коалициска влада меѓу владејачкиот христијански блок ЦДУ/ЦСУ (CDU/CSU) со Слободната демократска партија (FDP) и Партијата на зелените, јавува Anadolu Agency (AA).
Челничката на владејачката Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Меркел, пред средбата со потенцијалните партнери на т.н. „Јамајка коалиција“ во Берлин, изјави дека учесниците на преговорите сфатиле дека меѓу партиите сепак постојат големи разлики во ставовите, иако често се чинеше дека разлики не ни постојат.
Истакнувајќи дека сите партии сакаат да го зачуваат својот идентитет во владината програма, Меркел рече дека тоа е важен фактор во преговорите.
„Постои волја за постигнување договор и во овој контекст имаме одговорност, јас лично ќе дадам придонес во процесот. Убедена сум дека преговорите ќе бидат успешни“, рече Меркел додавајќи дека тоа би бил голем успех за Германија во период на актуелна силна поларизација на политичката сцена.
Преговорите меѓу германските партии ЦДУ/ЦСУ, ФДП и Зелените започнаа на 18 октомври, а евентуалната коалиција веќе го доби префиксот „Јамајка“, бидејќи бојата на логоата на германските партии (црвена, жолта и зелена) потсетуваат на боите на националното знаме на Јамајка.
Во првите два круга од преговорите разговарано е за 12 теми, а во тек е третиот круг, кој, според најавите на канцеларката Меркел, треба да заврши вечерва.
Во случај на успешно завршување на преговорите и за усогласување на ставовите за главните прашања како што се миграцијата, климатските промени, транспортот и финансиската политика, во следната фаза од преговорите лидерите на партиите треба да преговараат за конкретната содржина на програмата на идната влада.
Парламентарните избори во Германија се одржаа на 24 септември, кога ЦДУ и ЦСУ освоија 32,9 отсто од гласовите и добија мандат за состав на новата влада. Нивниот досегашен коалициски партнер, Социјалдемократската партија (SDP), освои 20,5 отсто од гласовите и најави заминување во опозиција. Меркел претходно изјави дека не сака да формира коалиција со радикално-десничарската Алтернатива за Германија (AfD), која освои 12,6 отсто од гласовите, и ѝ преостанува договорот за коалиција да го договори со либералите на ФДП движењето на Зелените кои освоија десет и девет отсто од гласовите.