Erbil Başay,Cüneyt Karadağ
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, развој и татковина, Хорст Зехофер, изјави дека исламот не ѝ припаѓа на Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зехофер, во интервју за германскиот весник „Билд“, порача дека неговата земја е обликувана низ христијанство.
Тој изјави дека тоа се огледува преку неделата како неработен ден и преку христијанските верски празници Велигден и Божиќ.
„Исламот не ѝ припаѓа на Германија“, изјави Зехофер и додаде дека на Германија ѝ припаѓаат муслиманите што живеат во оваа земја.
Тој изјави дека пред 12 години е покрената Исламска конференција во Германија на која се собираат претставниците на муслиманските заедници и германски официјални лица, и изјави:
„Исламската конференција ни е многу значајна. Мора да седнеме со претставниците на муслиманските организации, да бараме дијалог, ако е потребно тоа, и да го развиваме. Сметам дека муслиманите не треба да бидат за или против нас, туку дека треба да живеат со нас. За да го постигнеме тоа е потребно меѓусебно разбирање. Тоа е возможно со разговор.“
Поранешниот германски претседател Кристијан Вулф во 2010 година изјави дека исламот ѝ припаѓа на Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел во 2015 година, исто така, изјави дека се согласува со тоа.