Furkan Naci Top
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
АТИНА (AA) - Во главниот град на Грција, Атина, вчера беа одржани протести против неодамнешната одлука на американската администација за признавање на Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку стотици лица се собраа на централниот плоштад Синтагма каде се наоѓа Парламентот на Грција, од каде одржаа протестен марш до зградата на амбасадата на САД.
Поголемиот број демонстранти ги сочинуваа Палестински коишто живеат во Грција и симпатизери на грчките левичарски партии партии и здруженија.
Учесниците на протестот извикуваа слогани како што се „Слобода за Палестина" и „Прокет да е Израел".
Во текот на протестите повикаа на затворање на амбасадата на Израел во Атина.
Протестите поминаа под силни безбедносни мерки.
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп на 6. декември донесе одлука со која Ерусалим (Кудс) го признава како главен град на Израел, и со која најави преместување на американската амбасада од Тел Авив во Кудс.
По оваа одлука, следуваа негодувања и протести во бројни држави.