Mehmet Nuri Uçar
16 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
ГАЗА (АА) - И покрај тоа што ги загуби двете нозе во воздушниот напад врз Газа изведен од страна на Израел во 2008 година, последните зборови на Палестинецот Ебу Суреја кој учестуваше на протестите за поддршка на Кудс беа: „Ова е наша земја, нема да ја предадеме”, јавува Anadolu Agency (AA).
По изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД го признава Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, на целата територија на Палестина се изведуваат протести. За време на овие протести, Израел продолжува да употребува вистински куршуми, пластични куршуми и солзавец.

Вчера за време на протестите во Газа, во судирот со израелските војници загинаа двајца Палестинци, од кои едниот е Ебу Суреја, лице со хендикеп, кој ги загуби двете нозе за време на израелското бомбардирање 2008 година.
На протестите им се приклучи и Ебу Суреја, кој и покрај својот инвалидитет излезе во одбрана на земјата. Последните зборови на Суреја кои по неговата смрт се раширија по социјалните мрежи се:

„Дојдов тука за да и испратам порака на израелската војска дека ова е наша земја. И земјата е наша земја. Нема да ја предадеме само поради пораката на Трамп. Ќе продолжиме со нашите протести тука. И се спротивставуваме на израелската војска. Палестинскиот народ е храбар народ.”
Очевидците потврдија дека Ебу Суреја, и покрај својот хендикеп, секојдневно учествувал на протестите против одлуката на Трамп за Кудс и за поддршка за Ал Акса.
Портпаролот на министерството за здравство на Газа Ешреф ел-Кудра вчера изјави: „Во интервенцијата на израелската војска врз демонстрантите во граничното подрачје на Газа животот го загубија Јасир Сукар (23) и Ибрахим Ебу Суреја (29), а ранети се 82 лица, од кои петмина потешко”.